Почетокот на Европската референцијална рамка за јазици се поврзува со 1991 година кога лингвистите и експертите од Одделот за јазична политика на Советот на Европа, заседавајќи на еден симпозиум во Швајцарија и по иницијатива на Швајцарската влада, одлучиле да се направи заеднички инструмент за сите земји којшто ќе им биде корисен од два аспекти. Од една страна, овој инструмент ќе ги опише методологиите на предавање на сите јазици како и на нивното учење, а од друга страна, ќе биде инструмент којшто транспарентно ќе укаже на резултатите од тоа учење. Темата на симпозиумот била: “ Транспарентност и кохерентност во учењето на јазиците во Европа : цели, оценување и резултати”.
Овие две одлуки на лингвистите и експертите од Одделот за јазична политика на Советот на Европа доведоа до формулирање на Европската референцијална рамка за јазици во 2001 година, како и до создавање на Европското јазично портфолио, коешто денес е застапено во образовните системи на околу четириесеттина земји од Европа.
Европската референцијална рамка за јазици ги вклучува следните нивоа:
- A Basic User –Основно познавање
- A1 Breakthrough
- A2 Waystage
- B Independent User –Средно познавање
- C Proficient User –Напредно познавање
- C1 Effective Operational Proficiency
- C2 Mastery
Европската референцијална рамка за јазици опишува што ученикот е способен да направи читајќи, слушајќи, пишувајќи и зборувајќи за секое ниво поодделно.
Еве некои меѓународно признати испити и ниваната корелација со степените на Европската референцијална рамка за јазици.