Курсевите по англиски јазик можат да бидат индивидуални, редовни курсеви по странски јазик, интензивни, викенд курсеви, граматички и курсеви по комуникација.
Детските курсеви по англиски јазик опфаќаат 60 часа годишно ( по 30 часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути.
Редовните курсеви по англиски јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 100 часа годишно ( по 50 часа во полугодие) или 3 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).
Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 100 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.
Граматичките курсеви се најчесто индивидуални, бидејќи опфаќаат изучување на граматиката од страна на само еден кандидат и најчесто се практикуваат како подготвителни курсеви за приемен испит.
Курсевите по комуникација опфаќаат 100 часа годишно и се наменети за сите оние кои имаат средно познавање на јазикот и сакаат да ги подобрат своите комуникациски способности во формални и неформални ситуации.
Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот. Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.
Групите опфаќаат максимум 7 слушатели.
Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици.
Меѓународни испити....
Учебници
За деца:
- GET READY 1-2
- STARDUST 1-2
- NEW CHATTERBOX 1-3
- TWIST 1-3
- HAPPY STREET 1-2
- HAPPY HOUSE 1-2
За возрасни:
- NEW HEADWAY
- NEW ENGLISH FILE 100%new (A1,A2,B1,B2)
- LANDMARK 1-3
- HANDSHAKE
- QUICK WORK
- FCE
Изданија на OXFORD UNIVERSITY PRESS