Tuesday, September 07, 2010
Login
    

курсеви по италијански јазик   курсеви по француски јазик   курсеви по англиски јазик   курсеви по германски јазик   курсеви по шпански јазик     

 Курсеви по француски јазик Minimize

Курсевите  по француски јазик можат да бидат индивидуални, редовни курсеви по странски јазик, интензивни, викенд курсеви  и граматички курсеви.

Детските курсеви по француски јазик опфаќаат 60 часа годишно ( по 30  часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути.
Редовните курсеви по француски јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 100 часа годишно ( по 50 часа во полугодие) или 3 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).
Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 100 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.
Граматичките курсеви се најчесто индивидуални, бидејќи опфаќаат изучување на граматиката од страна на само еден кандидат и најчесто се практикуваат како подготвителни курсеви за приемен испит.

Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот.  Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.

Групите опфаќаат максимум 7 слушатели.
Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици.  

Меѓународни испити.....

Учебници

За деца: 

  • ALEX ET ZOE1-2
  • JUNIOR 1-4
  • JUNIOR  PLUS 1-4
  • BIENJOUE 1-2 
  • KIOSQUE 1-2

За возрасни : 

  • ESCALES 1-2
  • CAMPUS 1-2
  • STUDIO 60
  • CHAMPION 1,2,plus
  • TOUT VA BIEN  1-4
  • CONNEXIONS


Изданија на CLE INTERNATIONAL, DIDIER, HACHETTE


  

 

 

 




 


Copyright 2007, Lingua Designed by Sibog