Tuesday, September 07, 2010
Login
    

курсеви по италијански јазик   курсеви по француски јазик   курсеви по англиски јазик   курсеви по германски јазик   курсеви по шпански јазик     

 Курсеви по грчки јазик Minimize

Курсевите  по грчки јазик можат да бидат  редовни курсеви по странски јазик, интензивни, викенд курсеви  и курсеви по комуникација.


Редовните курсеви по грчки јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 60 часа годишно ( по 30 часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).
Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 60 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.

Курсевите по комуникација опфаќаат 60 часа годишно и се наменети за сите оние кои имаат средно познавање на јазикот и сакаат да ги подобрат своите комуникациски способности во формални и неформални ситуации.

 

Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот.  Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.

 

Групите опфаќаат максимум 7 слушатели.


Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици. 

 

Учебници

 

За деца: Η ΓΛΩΣΣΑ ΜΟΥ 1-4
За возрасни : Τα ελληνικα για ξενογλωσσουζ
Изданија на ΑΘΗΝΑ 2003

 


  

 

 

 




 


Copyright 2007, Lingua Designed by Sibog