Курсевите по италијански јазик можат да бидат индивидуални, редовни курсеви по странски јазик, интензивни, викенд курсеви и граматички курсеви.
Детските курсеви по италијански јазик опфаќаат 60 часа годишно ( по 30 часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути.
Редовните курсеви по италијански јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 100 часа годишно ( по 50 часа во полугодие) или 3 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).
Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 100 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.
Граматичките курсеви се најчесто индивидуални, бидејќи опфаќаат изучување на граматиката од страна на само еден кандидат и најчесто се практикуваат како подготвителни курсеви за приемен испит.
Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот. Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.
Групите опфаќаат максимум 7 слушатели.
Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици.
CILS испити...
Јазичното студио ЛИНГВА од Битола нуди стипендии за своите слушатели на курсеви по италијански јзик кои опфаќаат летни курсеви за изучување на италијанскиот јазик во Фиренца, Италија во соработка со Јазичниот институт ЕУРОПАС од Фиренца.
Учебници
За деца:
- UN,DUE,TRE 1-3
- EVVIVA 1-3
За возрасни :
- RETE 1-3
- ITALIANO IN AZIENDA
- PROGETTO ITALIANO NUOVO
- Café Italia
- ESPRESSO 1-2
- MAGARI
- VIAGGIANDO IN ITALIANO
- QUADERNI CILS
Изданија на GUERRA EDIZIONI, EDILINGUA, ELI, LeMonnier