Курсевите по шпански јазик можат да бидат редовни курсеви по странски јазик, интензивни ивикенд курсеви.
Редовните курсеви по шпански јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 60 часа годишно ( по 30 часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).
Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 60 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.
Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот. Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.
Групите опфаќаат максимум 7 слушатели.
Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.
По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици.
Учебници
За возрасни:
- ESPANOL DE PRIMERO
- HABLEMOS ESPANOL
- SUENA
Изданија на OXFORD И ПРОСВЕТНО ДЕЛО-СКОПЈЕ