Monday, February 06, 2012
Login
    

курсеви по италијански јазик   курсеви по француски јазик   курсеви по англиски јазик   курсеви по германски јазик   курсеви по шпански јазик     

 LINGUA - Јазично студио Minimize

Јазичното студио ЛИНГВА се наоѓа во строгиот центар на Битола и располага со 4 аудио-визуелно опремени училници и интернет.

Во јазичното студио ЛИНГВА се изучуваат следните јазици:











 Јазичното студио Лингва нуди курсеви за деца од предучилишна возраст, деца од основно образование, средношколци, студенти и возрасни. Групите опфаќаат максимум 7 слушатели. Курсевите можат да бидат:

  • индивидуални
  • редовни курсеви по странски јазик
  • интензивни
  • викенд курсеви
  • граматички и
  • курсеви по комуникација

Детските курсеви по странски јазик опфаќаат 60 часа годишно ( по 30  часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути.

Редовните курсеви по странски јазик ( курсеви за средношколци, студенти и возрасни ) опфаќаат 100 часа годишно ( по 50 часа во полугодие) или 3 часа неделно по 60 минути . Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно
Европската референцијална рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).

Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 100 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.

Граматичките курсеви се најчесто индивидуални, бидејќи опфаќаат изучување на граматички партии од одреден странски јазик од страна на само еден кандидат и најчесто се практикуваат како подготвителни курсеви за приемен испит на факултети на кои се полага еден од странските јазици.

Курсевите по комуникација опфаќаат 100 часа годишно и засега се изведуваат само на англиски и на грчки јазик а се наменети за сите оние кои имаат средно познавање на јазикот и сакаат да ги подобрат своите комуникациски способности во формални и неформални ситуации.

Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот.  Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.

Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.

Јазичното студио Лингва има свој кодекс на работење и притоа се почитуваат сите правила за јасно информирање на слушателите во врска со видовите на курсеви, времетраењето, цените, големината на групите итн. 


По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Европската референцијална рамка за јазици.

Во рамките на детските курсеви се организираат разни манифестации, приредби за Нова година и за крајот на училишната година, квизеви и натпревари.

Училиштето располага со сопствена библиотека на странски наслови и голем број на речници - толковни, двојазични и сликовити речници кои посетителите на курсеви по странски јазици можат да ги користат во текот на учењето

 


  
 Стипендии Minimize

Јазичното студио ЛИНГВА од Битола нуди стипендии за своите слушатели на курсеви по италијански јзик кои опфаќаат летни курсеви за изучување на италијанскиот јазик во Фиренца, Италија во соработка со Јазичниот институт ЕУРОПАС од Фиренца. Од оваа учебна година, сите слушатели на курсот по италијански јазик имаат можност да учествуваат на  десетдневен КУРС ПО ИТАЛИЈАНСКА КУЛТУРА во Гарњано, Италија, во организација на Универзитетот на Венеција.


  
 Уписи и датуми Minimize

За зимскиот семестар уписите траат од 1-ви септември до 15-ти септември, а  наставата започнува на 20-ти септември. 
За летниот семестар уписите траат од 15-ти јануари до 1-ви февруари, а наставата започнува на 5 февруари.
Зимскиот распуст трае од 1-ви до 20-ти јануари.
Настава не се изведува за време на државни празници и празници кои по закон се неработни денови. Училиштето е отворено од понеделник до сабота од 9 часот до 21 часот.


  
 Преводи Minimize

Јазичното студио Лингва врши судски и стручни преводи од македонски на италијански, француски, англиски, германски и шпански јазик и обратно. Преводите ги извршуваат овластени преведувачи кои работат како постојани преведувачи во Основниот суд во Битола.
Јазичното студио Лингва нуди и преведувачи за симултан и консекутивен превод од секаков домен.


  

 

 

 




 


Copyright 2007, Lingua Designed by Sibog